Македонија
13. February 2017 - 16:37

Задолжителен здравствен преглед за сите кои се враќаат од Африка

Лекарски преглед, крвна анализа и неколкудневен надзор за сите македонски граѓани кои се враќаат од африкански земји каде има маларија. По влез во земјата задолжително мора да се јават во центрите за јавно здравје каде ќе ги поминат овие процедури. Здравствените власти одлучија за поригорозна примена на законот откако за неполн месец двајца скопјани и двајца тетовчани во земјата се вратија заразени со оваа тропска болест. Според информации на Сител, покрај здравствениот надзор, утре на Комисија за заразни болести ќе присуствуваат и претставници на двете фирми кои носат наши граѓани на привремена работа во Гана и Централно африканската република. Епидемиолозите очекуваат одговори од нив колку ги штитат работниците и дали водат сметка за нивното здравје додека се во Африка.

-Тоа е опасна болест и мора да бидат информирани и заштитени сите кои одат во земји под ризик од вакви болести, вели Звонко Миленковиќ, претседател нас Комисија за заразни болести

Од четврорицата заразени годинава, еден тетовчанец веќе почина а неговиот сограѓанин е на лекување во Клиниката за Инфективни болести. Никој од нив не земал антималарична терапија како што треба.

-Стенд уп  - Во скопскиот центар за јавно здравје, минатата година хемопрофилакса земале 312 лица. Таа била неопходна поради нивното патување во земји каде има маларија. Според податоците, речиси сите се меѓународни патници. За оние кои одат на привремена работа на африканскиот континент, оваа заштита им ја обезбедуваат фирмите.

Маларијата е тешка болест и според епидемиолозите може да предизвика компликации и на други органи или да заврши фатално.