Македонија
17. October 2021 - 8:32

Задоцни гласањето во ОУ „Коле Неделковски“ поради проблем со фингерпринт терминалите

Скопјани денеска гласаат на четири ливчиња, две за градот Скопје и две за општината во која живеат. 

Во ОУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало доцнеше гласањето околу 15-20 минути бидејќи не можеа да се стартуваат фингерпринт терминалите. Гласачкото место 2867 се уште е затворено затоа што терминалот таму се уште не работи се чека на иснтрукции од ДИК.

Инаку, избирачките места денеска се отвораат во 7 часот кога почнува и гласањето.