Живот
24. April 2017 - 16:12

Зад оваа трогателна фотографија се крие тажна љубовна приказна: Додека смртта не не раздели

Фотографијата која е објавена на страницата “Love What Matters” трогна многумина и ги потсети на овој завет на венчавката, „и во добро и во зло“.

Девојката чија фотографија трогна многу корисници на социјалните мрежи објасни зошто нејзиниот татко наместил масичка и фотеља пред вратата од спалната соба.

-Мојата мајка има рак на тироидната жледа која се прошири и го зафати душникот. Имаше операција со која е отстранет ракот. Мора да биде изолирани во соба поради радијацијата. Мојот татко постави масичка пред вратата за да и прави друштво, а јас плачам, вели во описот на фотографијата.

Ете за големата љубвона приказна понекогаш се доволно само неколку реченици и многу љубов.

Голем број луѓе во своите коментари дадоа поддршка до семејството и ги споделија своите лични искуства со канцерот, лекувањто и терапиите.