Македонија
11. August 2022 - 19:56

Забранет пристап за медиумите во манастирот Св.Прохор Пчински

Денеска во манастирот Св. Прохор Пчински каде што е отстранета спомен плочата на АСНОМ не ни беше дозволено да снимаме, што не беше случај на 2 август кога се одбележуваше најголемиот државен празник и 77 годипнина од првото заседание на АСНОМ, а македонска државна делегација по речиси две децении беше присутна тука, а бевме присутни и речиси сите медиумски куќи.

Ние денеска бевме каде што беше и поставена спомен плочата на АСНОМ, таа е отстранета па побаравме одговори од игуменот на манастирот кој што денеска не беше присутен во Св. Прохор Пчински, па ги прашавме вработените каде се наоѓа плочата и зошто е остранета, а тие не упатија одговори да побараме во српското МНР кое што било организатор на настанот на 2 Август.

На местото каде беше поставена плочата беа останати само веќе исушените цвеќиња кои ги положи македонската државна делегација, а одговори зошто е остранета и каде се наоѓа не добивме ниту од српското, ниту од македонското министерство за надворешни работи.

На чествувањето на Илинден како и годишнина од првото заседание на АСНОМ, во Св. Прохор Пчински, воошто не се разговараше дали плочата ќе остане или не, туку дали ќе биде возобновена спомен собата во манастирот.

Игуменот тогаш беше убеден дека односите помеѓу двете цркви, но и земјите ќе одат во нагорна линија.

Вчера од кабинетот на Пендаровски соопштија дека спомен плочата била само времено поставена во манастирот и дека ќе бидат формирани работни групи помеѓу двете министерства за надворешни работи како и помеѓу министерствата за култура за да се договорат како ќе се одвиваат прославите за 2 август во манастирот во следните години.

Засега никој не одговори зошто е отстранета плочата која беше поставена во манастирот на 2 август и каде се наоѓа.