Забрана за движење за викенд од 16 до 5 часот за сите граѓани
Забраната за движење на целата територија на државата денеска и утре ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите.
Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
Земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници се изземени од забраната за движење во викенди од 16:00 часот до 05:00 часот. Другите земјоделци, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за дозвола.
Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб, работниците во време на забраната за движење ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа.
Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.
Одлуката Владата ја донесе на својата 28-ма седница, одржана на 25 март, во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19.
Ново на Сител
-

Средба на претседателот на Собранието Гаши со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
-

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени
-

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата
-

Малолетник повреден со нож во скопски Центар, завршил со исекотини на клиника
-

Кривична против тетовец, договорил купопродажба на нотар, а возилото го продал на трето лице
-

Традиционална комеморација на загинати 33 македонски борци под француско знаме на македонски фронт 1914-1918 во Коломбел
-

МВР со важно известување: Во петок во Ѓорче ќе се уништуваат гранати
-

Трамп во писмо до израелскиот претседател Херцог побара да го помилува премиерот Нетанјаху
