Македонија
26. January 2021 - 13:40

Забрана за движење на тешки моторни возила на повеќе патни правци во државава

Поради интензивите врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, информира ЈП „Македонија пат“.

Забрана за движење на тешки моторни возила попладнево е воведена и на патниот правец Гостивар – Маврово.

Како што информираат од ЈП Македонија пат, забраната за движење на тешките товарни возила е поради интензивни врнежи од снег, а потребна е задолжителна зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на овој патен правец.