„Заборавени песни“ во МОБ за Василица
По организирањето на Новогодишниот концерт на 1 јануари, Македонската опера и балет го подготвува и традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој ќе се одржи на 12 јануари.
На концертот, кој е насловен „Заборавени песни“, ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но на програмата ќе има и неколку популарни композиции.
Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент Бисера Чадловска.
МОБ соопшти дека билетите се во продажба на нејзината билетарница, како и онлајн на: www.mob.mk. Новина е можноста тие да се купат и во „Југотон“ во ГТЦ на први кат, преку системот karti.com.mk. Целта е, наведува МОБ, нивните билети да бидат подостапни до љубителите на уметноста.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.