За Заев нашата држава е Европа во мало, најскапоцената вредност е мултиетничкото општество
Денеска не е ден за поделби, денеска е ден за сплотување и единство, за потврдување на соживотот, но и вербата во Бога, што меѓудругото повикува и на меѓусебно разбирање, почитување, поддршка, одговори премиерот Зоран Заев на барањето за коментар на говорот на претседателот Ѓорге Иванов на средбата со папата Франциск, во вилата „Водно“, во кој упати неколку политички пораки.
– Имплементиравме многу европски вредности. Едно од најскапоцените вредности е мултиетничкото општество, да живееме и да се поддржуваме. Веруваме во вредностите на различните традиции и култури. За нас тоа е најдобриот дел од ЕУ, да живееме заедно без разлики. Ние сме Европа во мало, рече меѓу другото Заев одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека посетата на папата Франциск претставува поддршка кон евроатлантските интеграции.
Одговарајќи на новинарско прашање кои се неговите следни чекори, Заев посочи дека важна цел е членството во НАТО, а процесот на ратификација тече и веќе неколку земји го ратификуваа протоколот.
– Нашата цел е токму тоа ЕУ и НАТО интеграции, Четиринаесет години се предолго чекање пред портите на ЕУ. Сметам дека ние постојано ги потврдуваме европските вредности, а тоа го направивме и денеска со посетата на папата. Мислам, и претходно го постигнавме на сега одржавните претседателски избори, рече Заев.
На прашањето за растечката нееднаквост, како последица на корупцијата, за животната средина и за лажните вести, Заев нагласи дека сите, пред се политичарите, но и новинарите и сите граѓани треба да учиме од мисијата што папата ја шири во светот- поголема верба помеѓу нас.
– Можам да извлечам пристрасен заклучок. После постигање на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Бугарија и постигањето Договорот од Преспа со Република Грција, за мене пораката е охрабрување дека треба да се прават договори, затоа што низ договори може да се гради подобар живот овде на Балканскиот полуостров, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во Домот на АРМ во Скопје, од каде посетата на папата Франциск ја следеа и пренесуваа над 250 домашни и повеќе од 100 странски медиуми.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација