Македонија
6. February 2019 - 16:57

За судбината на предметите кои СЈО ги покрена по истекот на мандатот ќе одлучуваат јавните обвинители, за Врховен работата е завршена

Државното обвинителство утре ќе одлучува за предметите на СЈО што ги оспори Врховниот суд. По барање на судиите од Кривичен, Јовески свика седница во проширен состав на која обвинителите ќе се произнесат кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од специјалното обвинителство.

„Ќе се разгледува барањето за начелното правно мислење на Врховниот суд од 30 јануари. Воедно, тема на Стручниот колегиум ќе биде натамошното постапување по предмети поврзани и кои произлегуваат од нзеаконското следење на комуникациите“, велат од обвинителството.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, веќе изјави дека е истечен рокот на СЈО во кој тоа може да поведува постапки. Додаде оти Врховниот суд ќе укине пресуда или жабла во предмет на СЈО отворен по законскиот рок од 30 јуни 2017-та година.

На ова мислење од Врховен денеска се повика одбраната на бизнисменот Камчев во апелациониот суд каде се разгледуваше жалбата за укинување на домашниот притвор. Адвокатот Антонио Апостолски посочи дека согласно мислењето на повисокиот суд, жалбата за продолжување на притворот е поднесена од неовластен тужител. За СЈО пак, Ниту еден суд не е надлежен да каже кој јавен обвинител е овластен јавен обвинител.

Каква одлука ќе донесат апелационите судии по барањето за укинување на домашниот притвор на Камчев ќе се знае во текот на утрешниот ден.