За становите во кои времено не живее никој од сега ќе се плаќа само паушал за парно
Граѓаните ќе треба да достават само барање за исклучување и изјава до Снабдувачот, кое практично и автоматски ќе се прифати, со што овие граѓани ќе го плаќаат фиксниот надоместок за топлинска енергија. Но, по завршувањето на грејната сезона овие граѓани ќе мора да потврдат дека станот бил празен во текот на грејната сезона со тоа што во мај наредната година ќе треба да приложат сметки за електрична енергија со максимална дозволена фактурирана потрошувачка до 50 KWh месечно или максимално до 350 kWh за изминатата грејна сезона, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ и водни услуги.
Во Скопје вкупно околу 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија.
Од почетокот на годината до сега има околу 1000 нови потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на топлина.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто