Џет-Сет
17. May 2016 - 11:00

За што пее Кање Вест: Ким може да ме убие

Кање Вест во својата нова песна "The Part" која ја отпеа со Скулбој Кју, својата сопруга Ким Кардашијан ја споредува со О Џеј Симпсон, кој е двократен убиец и рапува како таа би можела да го убие.

-Само што излегов од стриптиз барот, а на мене остана малку сјај. Женичката ќе ме убие, таа е женски О Џеј, рапува Кање во новата песна.

Инаку, О Џеј Симпсон во 1994 година ја уби својата сопруга Никол и нејзиниот пријател Роналд, а на суд него го бранеше таткото на славната старлета Роберт Кардашијан. Исто така О Џеј се споменува како можен татко на Ким Кардашијан зошто наводно нејзината мајка Крис Џенер го мамела својот сопруг со Симпсон.