За претседателот на Собранието на Корзика: Франција е пријателска земја
Претседателот на Собранието на Корзика Жан-Ги Талмони, рече; „Франција е пријателска земја“, изјава дадена на францускиот јавен радио сервис за каналот Франс Инфо, јавува дописникот на МИА од Париз.
Францускиот премиер Мануел Валс, кој вчера имаше средба со претседателот на собранието на Корзика, истакна дека „Корзика е и ќе остане во француската република“, како одговор на првиот говор на новоизибраниот претседател на собранието на Корзика, изречен на корзикански јазик.
На средбата било договорено создавање на три работни групи посветени на јазикот и политиката на градење на Корзика, ова во контексто на насилството кое го потресе островот за време на новогодишните и божиќните празнувања.
Повторно прашан од новинарите по средбата со премиерот, за неговата изјава дека „Франција е пријателска земја“, Жан-Ги Талмони, одговори: Никој не може да биде навреден, ако едноставно кажеме дека сме Корзиканци. Јас сум избран на Коризка и ние дискутираме со претставниците на Француската република.
На последните регионални избори во Франција, во Корзика победија локалните политички партии, традиционално во Франција наречени „националистички“, бидејќи тие се залагаат за независност на францускиот остров.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228