Свет
3. August 2016 - 15:04

За повеќето Германци политиката на Меркел кон бегалците не е одговорна за нападите

Поголемиот број Германци не сметаат дека политиката на германската канцеларка Ангела Меркел за „отворени врати“ за бегалците, е одговорна за двата неодамнешни напади во Германија, за кои одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави ДПА.

Според анкетата на берлинската агенција „Форца“, дури 69 проценти од Германците не сметаат дека постои поврзаност со големиот лански прилив на мигранти во Германија и двата неодамнешни напади во јужниот дел на земјата.

Само 28 отсто од испитаниците, веруваат дека политиката на Меркел кон бегалците е одговорна за нападите.