За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
На 05/06.07.2025 година во периодот од 17.00 до 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола по Оперативната акција Безбеден сообраќај, Превентива и Темел со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што се преземени вкупно 51 мерка.
Од нив седум санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, осум санкции за управување мотоцикл со несоодветна категорија, две мерки за минување со моторцикл на црвено светло, три мерки за незастанување на даден знак Стоп од Униформиран полициски службеник…
Одземени се два мотоцикли поради измината важност на сообраќајната дозвола од над шест месеци.
За време на сообраќајната контрола санкциинирани се и 104 други видови на сообраќајни прекршоци.Исто така во текот на изминатата вечер контролирани се осум угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што констатиран е еден прекршок, легитимирани се 66 лица, а извршени се прегледи на лица 23 лица и осум патнички возила.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати