Бизнис
16. May 2020 - 16:30

За опозицијата ребалансот е за изборен поткуп, власта смета дека економијата е трансформирана

Ребаланс наменет за предизборна корупција или за трансформација на економијата. Власта и опозицијата ден подоцна различно ги толкуваат ставките во изменетиот буџет.

Опозициската заменичка министерка за финансии смета дека на стопанството и граѓаните не им треба еднократна помош и поткуп, туку стратегија која ќе овозможи земјата да излезе од здравствената и економската криза. Кочоска обвинува дека приходите во буџетот со ребалансот се помали само за 11,5% споредено со првичната прокеција. Затоа таа прашува од каде Владата го црпи оптимизмот дека стопанството кое сега крвари ќе може да испорача толку пари. Вистински начин, според опозицијата за помош на економијата е преку реализација на капитални проекти

За власта пак ребалансот обзбедува силна поддршка за граѓаните и за фирмите. Преку него поддршка ќе добијат туризмот, социјално ранливите категории граѓани. Пари ќе има и за средношколците и студентите за да се стекнат со ИТ вештини ки ќе им овозмозажт побрзо да најдат работа во новата економија по кризата. ПАри се обезбедени и за здратсвото за јакнење на капацитетите за борба со корона вирусот.

Позтивна оценка стигна и од ДУИ од каде велат дека е обезбедена поддршка од половина милијарда евра за економијата.

Со ребалансот дупката во буџетот ќе изнесува 6,8% од БДП, а економијата годинава ќе падне за 3,4%.