Македонија
27. July 2021 - 11:30

За непрописно престигнување 121 санкција на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, санкционирани се 121 возач. Од нив, соопштија денеска од МВР, 36 се на територијата на СВР Тетово, а 23 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид.

Засилените акциски контроли, најавуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.