Македонија
31. March 2020 - 16:26

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство.

– Обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 25 до 29 март, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Од страна на полициските службеници биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат дозвола за движење, велат од Јавното обвинителство.

Со ова, сите обвинети како информираат од скопското обвинителство сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Надлежните јавни обвинители му предложија на Судот да изрече парични казни за секој од обвинетите граѓани во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​