Македонија
1. November 2020 - 10:21

За неносење маска изречени 837 санкции

Во текот на изминатото деноноќие (31.10/01.11.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 837 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.