Балкан
4. October 2019 - 15:59

За неколку часа во Грција пристигнале над 150 бегалци и мигранти

Најмалку 150 бегалци и мигранти биле пронајдени и спасени од полноќ до рано утрово на во морски делови на грчка територија во неколку одвоени случаи, jави дописничката на МИА од Атина.
 
Грчката крајбрежна служба соопшти дека брод на Фронтекс интервенирал во спасување на 30 лица кои во два одвоени случаи со три чамци биле забележани во близина на островот Кос. Во првиот случај биле спасени девет бегалци и мигранти, во вториот 21 распределени во два чамци, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, на островот, од полноќ до рано утрово пристигнале вкупно шест чамци со 57 бегалци и мигранти.
 
Паралелно, на островот Фармакониси, што исто како и Кос се наоѓа во близина на турското крајбрежје, пристигнале 40 лица.
 
Според АНА-МПА, во морскиот дел југозападно од Пелопонез во брод биле откриени околу 60 мигранти и бегалци.