Loading Video...
Кошарка
16. April 2018 - 16:13

За кого се игра кошарката !? Вечните „скопски“ ривали Работнички и МЗТ ќе играат во Гостивар без публика

И наместо да биде нов празник на мак-баскетот, вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје ќе се игра без публика. 
 
Секој вистински вљубеник во кошарката со нетрпение ги чекал дуелите на вечните „градски“ скопски ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром. 
 
Но, наместо тоа да биде празник за кошарката, дербито од 4.коло во Супер лигата, кое требаше да се игра вчера, а поради проблеми со уредот за мерење 24 секунди, беше одложен за денеска, истиот ќе се игра без присуство на публика и тоа во Гостивар. 
 
Тимот од „Градски парк“ не успал да ја доведе во ред техниката во својата сала, па одлучи да биде домаќин во салата „Младост“ во Гостивар.
 
Присуство на публика нема, бидејќи како што информираат од „Градски парк“ причината е краткото време да се информира полицијата во Гостивар, да ги превеземе сите неопходни безбедносни мерки, имајќи ги во предвид случувањата на последниот дуел на вечните,кога мечот во „Градски парк“ се играше во два дена.