Македонија
26. October 2021 - 14:29

За една недела починале 124 лица со Ковид-19, 97 од нив биле невакцинирани

 Во период од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со Ковид 19, од кои над 78 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, информира денеска Министерството за здравство.

Еден пациент бил вакциниран со Фајзер, двајца со вакцина Астра Зенека, шест починати пациенти со Ковид-19, примиле вакцина Синовак, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм. Двајца од заболените кои починале биле вакцинирани со вакцината Спутник В.
 
Министерството за здравство информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале со Ковид, a биле вакцинирани.
 
15 октомври  
 
71 год. кардиолошко заболување
80 год. кардиолошко заболување
75 год. кардиолошко заболување ДМ
 
16 октомври  
 
69 год. кардиолошко заболување и дијабет
72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида
74 год. кардиолошко заболување и дијабет
68 год. каридолошко заболување и обеситас
 
17 октомври  
 
87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување
86 год. кардиолошко заболување и дијабет
65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас
75 год. кардиолошко заболување
80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување
63 год. кардиолошко заболување
69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување
71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет
69 год. кардиолошко заболување и обеситас
 
18 октомври
 
68год. кардиолошко заболување
72год. белодробно заболување
80год. кардиолошко и белодробно заболување
 
19 октомври  
 
74год. крдиолошко заболување и обеситас
83год. HTA ABI
81год. HTA
 
20 октомври
 
79год. HBI
79год. ХОББ и кардиолошко заболување
67год. кардиолошко заболување
 
21 октомври
 
93год. кардиолошко заболување
89год. HTA  белодробно заболување
 
Министерството за здравство ја објавува неделната информација за  починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле  две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.