За денеска закажани две пленарни и седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржат две пленарни седници, како и седници на комисиите за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците и на законодавно правната комисија.
На 34. седница на Собранието пратениците, меѓудругото, треба да го разгледаат Предлог законот за дополнување на Законот за судовите, во второ читање, а на 35. седница Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка, во второ читање и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка, исто така, во второ читање.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за извршување и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, двата во прво читање.
Комисијата за образование и спорт ќе го разгледува Предлог – законот за изменување на Законот за Академијата за наставници и Предлог – закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта, двата во второ читање. Комисијата за финансирање и буџет, пак ќе ја продолжи вчера започнатата расправа по Ребалансот на Буџетот.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош