За Албанија 10,56 милиони евра германска помош за справување со последиците од Ковид-19
Германската Влада ќе и додели на Албанија 10,56 милиони евра помош за справување со социо – економските последици од Ковид-19.
Ова на средба со албанската министерка за финансии и економија Анила Денај, го соопштил германскиот амбасадор во Тирана Петер Зинграф.
– Германија ќе и додели на Албанија дополнителен фонд од 10,56 милиони евра во рамки на економската и техничка соработка меѓу двете земји, за периодот 2020-2021 година, за справувањето со последиците од пандемијата со Ковид-19. Посебно средствата ќе бидат насочени кон поддршка на малите и средни претпријатија, нивниот развој и промоција, но и руралните области и стручното образование, изјавил Зинграф.
Министерката Денај високо ја оценила поддршката на германската влада и вниманието кон приоритетните сектори во земјата во изминатите години.
– Германија останува стратешки партнер за економскиот развој на нашата земја, но и во рамки на интегративните процеси кон ЕУ. Зголемениот ангажман и поддршка во ситуациите по земјотресот и пандемија, се доказ за силна билатерална соработка. Заедничките приоритети и ориентацијата на работата на Владата и германските партнери во најважните сектори во економијата и во животот на граѓаните, се клучни во континуираната соработка, истакнала Денај.
Двајцата искажале пофални зборови за текот на реформите што се преземаат во рамки на интеграцијата на Албанија во ЕУ и за време на германското претседавање со Советот на Унијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација