За 10,5 проценти зголемен бројот на патници од македонските аеродроми
Од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во првите осум месеци од годинава се превезени 1.339.065 патници што претставува зголемување од 10,5 проценти споредено со истиот период во минататата година, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
На скопскиот аеродром во периодот од јануари – август годинава се регистрирани 1.223.630 патници и во споредба со истиот период лани кога биле превезени 1.108.157 патници, е зголемување од 10,4 проценти.
На охридскиот аеродром, пак, во првите осум месеци од годинава се превезени 115.435 патници, или за 11,6 проценти повеќе во однос на истиот период од 2016 година кога биле превезени 113.431 патници.
Согласно реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – август годинава се Истанбул со 12,5 проценти, Цирих со девет проценти, Виена со 6,6 проценти и Базел со 5,1 процент.
Ново на Сител
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово