Македонија
24. December 2018 - 16:54

www.data.gov.mk нов портал за поголема транспарентност

Над 40 државни институции ги отвораат своите податоци за граѓаните. Од денеска преку порталот data.gov.mk заинтересираните лица ќе може прецизно да се информираат за тоа како се трошат државните пари, а на располагање се и сите податоци од јавен карактер со кои располагаат институциите.

Од Министерството за информатичко општество и администрација, кои стојат зад изработката на порталот, велат дека тој постојано ќе биде ажуриран со нови податоци, во зависност од барањата на граѓаните

Преку промовирањето на порталот, Владата има намера да ја зголеми транспарентоста на институциите. Тој ќе ја унапреди информираноста и ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор

Информациите од институциите засега се поделени во 8 главни групи, а корист од отворањето на податоците за јавноста преку порталот, покрај граѓанскиот, се очекува да има и бизнис секторот