Балкан
27. August 2017 - 18:49

Вулин: Македонија треба да знае, за нас е важно Косово да не биди член на УНЕСКО и Интерпол

Властите во Македонија треба да ја водат политиката во својата земја, но треба да знаат дека на нас ни е многу важно Косово да не биде член на УНЕСКО и Интерпол, изјави денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин. 

- И Македонија и сите други земји треба да знаат дека прашањето за членството на Косово во УНЕСКО и Интерпол ни е од големо значење и оти сметаме дека Косово не смее и не може да биде дел од тие организации. Сите земји што го знаат тоа, ќе разберат дека и „нашите односи во голем дел ќе се основаат на тоа“. 

- Ние мораме да водиме грижа за нашите интереси, наведе Вулин. 

Тој смета дека македонските власти треба да ја водат политиката на својата земја. 

Вулин посочи дека, Србија никогаш на никого не му поставува препреки за самостојно да одлучува за својата земја, бидејќи ниту Србија не им дозволува на другите да одлучуваат во нејзино име. 

- Така треба да работат и претставниците на властите во Македонија, но треба да знаат дека на нас ни е важно Косово да не биде член на Унеско и Интерпол, заклучи Вулин.