-->
-->
Вујовиќ: Спортот го водат дебили
-->
По драматичнот меч во кој Словенија остана без победа во дуелот против европскиот шампион Германија, откако француските судии по истекот на времето и прегледувањето на снимките досудија најстрога казна на Германција, селекторот на Словенците, Веселин Вујовиќ, распали по судиите, но и челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
На прес-конференцијата по натпреварот, разлутениот Вујовиќ не бираше зборови, па челниците од ЕХФ ги нарече „дебили“.
„Не знам што се случи, не ги знам правилата. Честитки до Германија за ремито, многу среќа во иднина. Зошто видео-технологијата ја користеа на крајот, а не при измислениот пенал над Генсхајмер за што измислено исклучување доби Кавтичник, а потоа и нашата клупа. Застанав на голот за да покажам дека направија хаос, дека направија спортот да е смешен бидејќи го водат дебили“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата.
Дуелот меѓу Словенија и Германија заврши со нерешен резултат 25-25.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи