-->
-->
Вујовиќ си замина од Загреб
-->
Поранешниот тренер на Вардар, а до денеска и на ППД Загреб Веселин Вујовиќ нема да биде на клупата на овој клуб за саботното гостување на македонскиот шампион во „Загребска Арена“. Клубот и Вујовиќ заеднички се договорија за прекин на соработката.
Првите луѓе на клубот решија да ја прекинат соработката со прославениот ракометар и тренер, откако екипата запиша четири порази на истотолку натпревари во Лигата на шампионите. Хрватските медиуми навестуваат „шок терапија“ и очекуваат играчите под водство на новиот тренер да почнаат да победуваат.
Загреб во следното коло од Лигата на шампионите ја пречекува екипата на Вардар.
Вујовиќ во исто време додека беше тренер на Загреб, ја предводеше и селекцијата на Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата ќе ја одржи 65-тата седница
-
109 санкционирани возачи во Скопје
-
МЗ: ВМРО ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови и реагенси за Ковид-19
-
Лансет: Британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев со државни пари ги плаќа и децата на неговите коалициони партнери
-
СДСМ: Институциите водат неселективна и бескомпромисна борба против корупција
-
Д-р Беќаровски: Да се лежи во приватна болница од „превентивни причини" е одраз на „христијанска скромност" на владиците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, граѓаните молат за термин за тестирање