-->
-->
Вучиќ: Србија на историски максимум на резерви на природен гас
-->
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија е на историски максимум во резервите на природен гас, јави дописникот на МИА од Белград.
„Обезбедивме 262 милиони кубни метри гас во нашиот дел од магацинот во Банатски двор, а купивме уште 200 милиони кубни метри кои ги складиравме во Унгарија, само за потребите на Србија“, напиша Вучиќ на инстаграм профилот „будуќностстбијеав“.
Тој додаде дека државата ги ремонтира сите термо капацитети што може и се обидува да отвори нови наоѓалишта на јаглен.
„Сѐ на сѐ, сигурен сум дека граѓаните на Србија ќе имаат барем за нијанса помалку студена зима од она што го очекувавме“, изјави Вучиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кој се ќе присуствува на чествувањето на Гоце Делчев во сабота?
-
Алтернатива вечерва ќе го разгледува своето идно учество во Владата
-
Мицкоски: Редовните избори не се далеку, оваа коалиција е естрадна
-
Што е причина за високото ниво на корупција?
-
И таткото на министерот Бочварски влезе во бизнисот со струја
-
Дел од учебниците нема да стасаат ни до јуни, Шаќири ветува - Догодина нема да се доцни
-
Вработените во финансии излегоа на протест пред зградата на Министерството
-
Техничка грешка ги остави матичните без најавенот зголемување