Балкан
30. July 2015 - 8:55

Вучиќ: Србија ќе има најмногу автопати во овој дел на Европа

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека со завршување на Коридорот 11, Србија ќе има најмногу километри автопат пропорционално на површината на својата територија. 

- Градиме огромен број километри автопатишта. Само на Коридорот 10 се градат 85 и 80 километри, покрај останатите 138 километри на друго место. Тоа се 300 километри кои треба да бидат готови во следните две години, истака Вучиќ на прес-конференција.

Тој нагласи дека за останатите проекти, за кои треба да се потпишат договори, се уште не е договорен модел и треба да се разгледа дали во зделките ќе учествуваат Кинезите или Азербејџанците.

Српскиот премиер додаде дека Коридорот 10 ќе биде завршен три месеци порано, така што кон Македонија и Бугарија ќе се патува по автопат.