Вучиќ се врати во Косовска Митровица, ова е неговата прва изјава по инцидентот
Српскиот претседател Александар Вучиќ се откажа од посетата на селото Бање во регионот на Дреница, откако косовската Влада му ја повлече дозволата за посета на таа област во која се одржуваат протести на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Вучиќ се обиде да го посети селото по споредни патишта, но беше запрен од косовската полиција и вратен назад.
Откако беше запрен од полицијата, српскиот претседател замина кон Митровица, а со жителите на Бање разговараше телефонски.
-Жалам што не можев да дојдам бидејќи тоа не го сакаа приштинските власти, им рекол Вучиќ телефонски на жителите на Бање, пренесуваат српските медиуми.
По пристигнувањето во Косовска Митровица, Вучиќ се поклони и положи цвеќе на местото каде беше ликвидиран политичарот Оливер Ивановиќ, по што даде куса изјава.
-Седеа таму пред Бање, три пати се слушнаа истрели, си играа на таму на блокадите. Некои сакаат да подготвуваат пушки, јас нема да ги повикам нашите луѓе на пушки, но на никого нема да му дозволам да пушки да се изживува над нашиот народ, изјавил Вучиќ додавајќи дека жителите се подготвувале за неговата посета и го чекале во народни носии.
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли објави дека Владата во Приштина била поддржана и од КФОР за одлуката да му се повлече дозволата на Вучиќ за посета на Дреница.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење