Вучиќ: Регионот под притисок, Русија загрижена
Големите сили повторно ги одмеруваат силите на овие простори, поради што е сосема логично, што ситуацијата во регионот беше тема за која најдолго разговаравме со рускиот претседател Владимир Путин, за време на посетата на Москва, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
- Кажав дека постои опасност и силен притисок и внатре во многу земји поединечно и во регионот во целина, а исто така нема сомнение дека постои и присуство на различни надворешни фактори со различни влијанија и различни интереси, рече Вучиќ синоќа за Пинк телевизија.
Во разговорот со Путин тој изразил загриженост за стабилноста во регионот.
- Србија успеа да надмине некои елементи на нестабилност. Србија до сега беше најстабилна, но тоа не е гаранција за иднината, забележа Вучиќ и додаде дека токму затоа мора да се работи многу за да се одржи безбедноста.
На прашањето што одговорил Путин на сето ова, српскиот премиер истакна дека тој го повторил усогласениот став на руското раководство и додаде дека тој став јасно бил изнесен и од рускиот министер за ндворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Танјуг.
- Мислам дека се мошне загрижени и тоа и можам да го појаснам на начин дека колку што западните сили ја поддржуваат владата на (Зоран) Заев и албанските партии, толку ми изгледа дека рускиот претседател не е на таа страна, оцени Вучиќ.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња