Балкан
5. May 2021 - 9:51

Вучиќ: По 3000 динари за сите кои ќе се вакцинираат или веќе се вакцинираа

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека сите кои ќе се вакцинираат или веќе се вакцинираа ќе добијат парична награда. Со ова сака да ги стимулира оние кои се одговорни прво кон своето, а потоа и кон здравјето на најблиските.

Вакцинираните ќе добијат еднократно по 3000 динари.

- На ваков начин сакаме да дојдеме до колективен имунитет и да се посветиме на работата, објасни Вучиќ.

Претседателот рече дека ќе има и други форми на помош. Вучиќ објасни и дека заразените со коронавирусот кои не биле вакцинирани нема да имаат платено боледување, додека вакцинираните ќе имаат.