Балкан
22. February 2016 - 20:01

Вучиќ: Ниш и Приштина ќе ги поврзува „автопат на мирот“

Ниш и Приштина ќе се поврзат со „автопат на мирот“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ на инвестициската средба на земјите од Западен Балкан, организирана од Европската банка за обнова и развој во Лондон, пренесоа српските медиуми.

Во својот говор на средбата Вучиќ кажа дека што е можно поскоро треба да почне изградбата на автопатот Ниш-Приштина, затоа што тој на подобар начин ќе ги поврзе Србите и Албанците, и притоа ја повика ЕБОР да помогне во реализирањето на проектот.