Вучиќ: Најбрутално политичко насилство во Србија во последните неколку години
Во своето ново обраќање до нацијата во последните 24 часа, по синоќешните насилни немири пред националното собрание во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ во моментов изјавува дека сите луѓе во Србија ноќеска биле сведоци на најбруталното политичко насилство во последните неколку години.
Според него, на политички непријавениот протест, членови на десничарските, екстремистичките и профашистичките организации го нападнаа собранието, а повеќе часа ја напаѓаа полицијата.
-Јасно е дека собирот беше ораганизиран, кажа Вучиќ, од криминалното подземје, но ми и од странскиот фактор.
Вучиќ ги повика сите луѓе во земјата да бидат одговорни и ги замоли да не излегуваат на вакви собири, не заради нешто друго, бидејќи не им се плашел, туку заради кризата од коронавирусот, која повторно има високи бројки на заразени и умрени. Тој, исто така, најави дека по препораки на епидемилозите, сепак, ке има заострување на мерките, посебно во Белград, но и призна дека можебим и нема да има полициски час, од петок до понедленик, како што вчера најави.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација