Вучиќ на новинарите, по повод актуелната ситуација со ширењето на коронавирусот, кажа дека луѓето мора да бидат сериозни и дисциплинирани, особено во Белград, иако вирусот во моментов не е ништо трагично, освен за старите и оние со други болести, бидејќи 95 отсто од младите лесно го минуваат.
„Ако не сме подисциплинирани ќе инсистираме на воведување мерки“, кажа Вучиќ и додаде дека ќе причека уште некој ден, да види дали ќе се смени однесувањето и податоците за бројот на заразени, па да процени дали реба да се преземаат мерки за заштита на животите и здравјето на луѓето.