Балкан
20. March 2021 - 10:48

Вучиќ: Косово е наш крст

Косово не е наше бреме, туку наш крст, и од крстот подобро се гледа воскреснувањето отколку од под него, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм, каде објави фотографија на која мапата на Косово е покриена со српско знаме.

Во однос на тоа, реагираа од Европската Унија, од каде апелираа лидерите во Белград и во Приштина да придонесат за помирување, а не да работат спротивно. Официјални претставници на ЕУ ги предупредија лидерите да се воздржат од активности што ќе влијаат на процесот на нормализирање на односите.

„Србија и Косово треба да се воздржат од акти и изјави што се контрапродуктивни за нормализирање на нивните односи и да работат на постигнување сеопфатен договор. ЕУ секогаш ги повикуваше сите политички чинители во Србија, Косово и остатокот од регионот да се вклучат во активности и декларации што создаваат и промовираат атмосфера погодна за помирување, регионална стабилност и соработка, наместо да го прават спротивното“, изјави портпаролот на ЕУ.