Вучиќ: Исчезна желбата за помирување во поранешна Југославија
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека има впечаток оти по неусвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Советот за безбедност на ОН, не само во регионот, туку и во голем дел од светот, исчезнала желбата, дури и за приказна, за вистинско помирување на просторот на поранешна Југославија.
- Кога зборувам за стабилност и помирување, јас зборувам за вистинска стабилност и помирување. Тоа ми е најважно. Јас не зборувам за политичките последици, кои се поволни или неповони за некого, изјави Вучиќ во интервју за белградскиот весник „Политика“.
Српскиот премиер вели дека по неусвојувањето на резолуцијата за Сребреница во ОН предложена од Велика Британија поради руското вети и по инцидентот со него во Потачари. стравува од зголемување на нестабилноста во регионот и политички судири.
- Денес имам само едно стравување. Тоа повеќе не е исплнувањето на нашите економски рефоми, туку можноста од регионална нестабилност и политички судири, Имам големи стравувања поради состојбата во Босна и Херцеговина, нагласува Вучиќ во интервјуто.
Тој вели дека неговата суета и тоа што му се случи во Поточари, не смеат да бидат причина за несоработка со властите на БиХ.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри