Вучиќ и Тачи во Брисел ќе разговараат за односите во целост и нивна нормализација
Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи утре би требало да се сретнат во Брисел за да ја разгледаат вкупната состојба во односите меѓу Белград и Приштина, примената на постоечките договори и за да разменат ставови за новата фаза од дијалогот за сеопфатната нормализација на односите.
Состанокот во Брисел го организира високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини.
Во повикот до претседателите на Србија и Косово Могерини нагласи дека на 23 март ќе се разговара за „фазата од дијалогот која се однесува на сеопфатна нормализација, како и дека ќе се разгледа работата која е во тек врз примена на постоечките договори“.
Се работи за прв состанок на високо политичко ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина од почетокот на годинава, а трет откако минатата година форматот на политичкиот дијалог на двете страни премина од премиерско на претседателско ниво.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација