Балкан
17. September 2019 - 9:09

Вучиќ и Палмер телефонски се договориле да се видат за десетина дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа телефонски разговораше со американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер за Косово и регионот, соопштија од неговиот кабинет.

Во него се наведува да Вучиќ кажал дека Србија ќе продолжи да се залага за одржливо компромисно решение за Косово, истовремено заштитувајќи ги државните и националните интереси на Србија, како и интересите на Србите кои живеат на Косово.

Тема на разговорите била и ситуацијата во регионот, а Вучиќ и Палмер се согласиле дека мирот и стабилноста во регионот се клучни за напредокот.

Вучиќ и Палмер се договориле повторно да се состанат во наредните 10 дена.