Балкан
8. December 2022 - 14:37

Вучиќ-Хил: Конкретен разговор за безбедносната ситуација на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, со кого имаше „отворен и конкретен разговор за безбедносната состојба на Косово и Метохија“, како и за можностите и предлозите на ЕУ за продолжување на дијалогот за нормализација на односите со Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ја укажав важноста на ангажманот на САД во спречувањето на понатамошни ескалации предизвикани од речиси секојдневните еднострани и незаконски потези на привремените институции во Приштина и ја повторив неопходноста од формирање на Заедницата на српски општини, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“.

Србија останува посветена на одржување на мирот и стабилноста, но исто така е и јасна во одбраната на својот народ и националните интереси, пишува во соопштението на српскиот претседател.