Вучиќ: Целта во надворешната политика е да ја провлечам Србија низ иглени уши за да нема последици
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Сомбор изјави дека неговата цел во надворешната политика е „да ја провлече Србија низ иглени уши“ за да не има последици „во овие луди времиња“ кога е невозможно рационално со никого да се разговара во светот.
Вучиќ, на церемонијата по повод Денот на сеќавање на загинатите во бомбардирањето на НАТО на СР Југославија во 1999 година, рече дека треба да се сочува Србија и „секое наше дете без разлика каде живее“. Тој потенцираше дека нема да ја предадат државата на тацна, ниту ќе се најде „оправдување за сето злосторство што го направија“, пренесува Бета.
- Ни претстои тежок период. Наше е да се бориме обединето за нашата земја. Да, сакаме мир, нема да имаме никакви конфликти, ниту со НАТО, ниту со никого. Но, ќе си ја зачуваме државата, и кога ги кажуваме црвените линии, не си играјте со тоа и не притискајте понатаму, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација