Второ издание на Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики

„Бидете креативни, бидете интерактивни, бидете интеретнички“ е темата на 2. Фестивал на изведувачки уметности и добри практики што ќе се одржи денеска, во Младинскиот културен центар во Скопје.
Фестивалот е резултат од реализираните креативните работилници и креативни катчиња од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Овие креативни процеси, низ кои поминуваа средношколци од Република Македонија, во изминатите пет години, имаат за цел да го зајакнат учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и да ги зголемат граѓанската свест и
почитувањето на човековите права меѓу младите луѓе во Македонија преку креативен пристап и израз со користење на уметноста, социјалните медиуми и новите технологии.
Второто издание на фестивалот има за цел да биде практичен и добар
пример на оние кои сакаат на креативен начин да работат со младата генерација.
Рамката на работа која се употребуваше во креативните процеси во овој проект, може да функционира како насока за слични иницијативи и во иднина.
Фестивалот, како што посочуваат организаторите, е наменет на оние кои веруваат во креативноста и во користењето на уметноста, како потенцијал кој може да го придвижува општеството во некакви позитивни насоки. Направен е и за оние кои веруваат во потенцијалот на младата генерација и кои веруваат дека со насочување на креативниот потенцијал кој го поседуваат младите, низ добро обмислени и дефинирани методологии, може да се прават промени.
Ново на Сител
-

Гаши - Рокас: Собранието има главна улога во усвојување на законите од реформската агенда
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
-

Унгарската полиција уапси седум лица за перење пари, водачите на мрежата се во бегство
-

Платини поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА Инфантино
-

Мицкоски: Сакаме добри односи со сите соседи, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот
-

Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ, соопштија од М-НАВ
-

Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата
-

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе
