Фудбал
26. August 2018 - 17:05

Втори победи за Јуве и Наполи во Серија А

 
Екипите на Јувентус и Наполи кои како и лани и годинава ќе бидат главните претенденти за „Скудетото“ во Серија А, ги остварија вторите победи во новата сезона. 
 
Најнапред Јувентус на домашен терен го победи Лацио со 2:0 со головите на Пјаниќ (30) и Манџукиќ (75.минута). 
 
Наполи пак иако пред својата публика губеше со 0:2 во дуелот со Милан, сепак со двата гола на Зијелински и погодокот на Мартенс на десет минути пред крајот забележа победа со 3:2 во второто дерби од оваа рунда.