Loading Video...
Тенис
1. December 2019 - 16:21

Втор триумф во низа на Ѓорческа во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во две недели, два пати триумфира на ИТФ турнирот во Анталија. 
 
Откако минатата седмица стигна до својот јубилеен 10-ти трофеј во поединечна конкуренција, денеска Ѓорческа го освои 11-тиот. 
 
турнирот што се играше за награден фонд од 15.000 американски долари, Ѓорческа во финалето кое траеше 2 часа и 25 минути ја победи третата носителка Она Орпана од Финска која ја победи со 2:1 во сетови. 
 
Првиот Ѓорѓеска го доби со 6-4, а вториот го загуби во тај-брејкот со 7-5 на поени.
 
Сепак н во решавачкиот трет сет, Ѓорческа направи два брејка и го доби сетот со убедливи 6-1.