Втор еднодневен камп во Делчево
Во организација на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“, во манастирскиот комплекс „Св. Илија“ во делчевското село Ѕвегор, денеска се одржа вториот еднодневен камп.
Настанот започна со планинарски марш во должина од 6,8 километри, а на кој, како што информираше директорот на гимназијата Љупчо Прачкоски, учествувале повеќе од 370 ученици.
– Дојдовме и оваа година на манастирот „Св. Илија“, но сега по сосема друга патека која ја користат планинарите. Должината на патеката е 6,8 километри со маршрута на движење над селото Ѕвегор преку месноста Илин Камен се до манастирот „Св. Илија“. Значи од 371 ученик, негде околу 90 проценти, издржаа и ја поминаа патеката. Освен ова, во останатиот дел од денот имаме спорт, дружење и рекреација на заедничка радост на сите, истакна Прачкоски.
За Елеонора Трајанова и Леонид Петровски, ученици во трета и четврта година на гимназија, ваквите настани треба да продолжат и во иднина.
– На ваков настан присуствувам веќе втора година и мислам дека за учениците е добро тој да продолжи и следните години, бидејќи на тој начин тие рекреираат и имаат можност да се спријателат помеѓу себе, истакна Трајанова.
– Според мене е супер што училиштето организира вакви настани на кои учениците можат помеѓу себе подобро да се запознаат, истакна Петровски.
Водич на планинарскиот марш беше планинарот Љупчо Чучуковски, кој ги водеше учениците низ пределите на Ѕвегорскиот реон.
Во рамки на спортскиот дел од настанот учениците се натпреваруваа во скокање и тегнење јаже, додека беше организиран и спортски натпревар во одбојка за момчиња. За најдобрите во спортските игри, од страна на гимназијата беа обезбедени скромни награди. Како дел од вториот еднодневен камп, беше организиран и час по цртање во природа, додека настанот заврши со музички дел, подготвен од талентирани ученици и нивните професори.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ