Втор ден протести во Иран
Во повеќе ирански градови, пред се во Рашт, Кернашах, Исфахан и во главниот град Техеран, втор ден по ред се организираат протести.
Демонстрантите протестираат против бранот поскапувања на основните животни продукти што ја зафати земјата, а нивните пароли се насочени главно против исламистичките власти кои управуваат со земјата од револуцијата во 1979 година.
Би-Би-Си јави дека во Техеран биле уапсени дел од помалата група демонстранти и дека гувернерот на градот најавил оти полицијата ќе се справи со сите демонстрации.
- Луѓето просат, свештениците се однесуваат како да се Господ, извикувале демонстрантите.
Протести биле организирани и во Ком, кој се смета за свет град на шиитите и центар на влијанието на ајатолахот Хамнеи. На протестите можеле да се слушнат и повици за прекин на скапите ирански интервенции во Сирија, Јемен и други држави во регионот, како и за ослободување на политичките затвореници.
Иран се соочи со масовни протести во 2009 година, како дел од Арапската пролет, но неколкумесечните демонстрации кои беа наречени Зелена револуција беа задушени со најмалку 35 загинати
Ново на Сител
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила