Македонија
24. March 2020 - 15:53

Втор ден полициски час помина со голем број прекршоци

Втор ден полициски час помина со голем број прекршоци. 133 лица не ја почитувале мерката а најголем број биле од Скопје. Од МВР за Сител соопштија дека дури 42 се приведени во текот на изминатата ноќ а најмногу лишувања имало во Штип. Поднесени се 33 кривични пријави, 3 прекршочни  а опоменати се 71 лице. Од поблагите мерки предупредување најмногу се изречени во Битола.

Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа е стабилна соопштија од МВР. Се вршат редовни контроли на 164 лица кои се во самоизолација. Не се регистрирани не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.  Непречено се реализираат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена .

Во врска со фотографии со непристоен текс од униформирани лица кои беа објавени на социјалните мрежи МВР соопшти дека двете лица  на една од фотографиите се  овластени полициски службеници. По објавените слики веднаш се повикани во внатрешна контрола и поведена е дисциплинска постапка.

За момчето кое напиша на Фејсбук Ако ве начекам по 9 пендрак и 10 години робија не е полицаец. Се работи за 27 г граѓанин од Прилеп и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава во висина од 600 до 800 евра заради лажно претставување како полицаец  поради тоа што носел маица со полициски ознаки.

Откако е скратено времетраењето на полицискиот час и е на сила до 5 часот изутрина, во автобусите на  ЈСП е по растеретено.

Возачите добиле насоки да не застануваат на постојка доколку е исполнет бројот на патници согласно мерките. Задолжително носење маски и ракавици важи за сите граѓани кои ќе се возат во автобус.