Втор ден невреме во Грција, еден исчезнат на островот Евија
Невремето „Балос“ веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во Грција, на Евија во тек е потрага по исчезнат маж, а во Атина во сила се превентивни мерки, затворени јавни служби, училишта и градинки, јави дописничката на МИА од Атина.
Во село во јужниот дел на островот Евија, од доцна синоќа започна потрага по исчезнат 69-годишен маж, а вклучени се 20 пожарникари со седум возила, тим од специјалната единица за справување со катастрофи и еден хеликоптер.
Во Атина денеска нема проблеми, со оглед на тоа дека утрово и претпладнево не врне, но се санираат штетите од вчерашното невреме.
Автобус на јавниот превоз, кој вчера се заглави во подвозник во Атина, веќе 24 часа е на истото место, со оглед на тоа дека насобраната вода достигнува до метар и половина.
За помалку од 24 часа, односно во периодот од 10 часот вчера до 7 часот утрово, Противпожарната служба на Грција примила 1.424 повици за помош, од кои 779 во областа Атика, поширокиот дел на Атина.
Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција, Христос Стилијанидис синоќа објави превентивни мерки поради невремето.
Во периодот од еден часот по полноќ до осум часот утрово два булевара во Атина беа затворени, со забрана за сообраќај на автомобили и јавен превоз, а денеска затворени се државните служби во Атика, додека, пак, грчката Влада му препорача на приватниот сектор да работи од дома.
Основните и средните училишта, како и градинките, денеска се затворени во областа Атика, поширокиот дел на Атина, на Халкидики, како и на островите Евија, Самос, Крф и Икарија
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација