Македонија
5. April 2017 - 14:31

Врие полиција во Тетово, силни детонации предизвикаа паника

Синоќа во 22,20 часот во ПС-Тетово пријавено е дека на ул.“Благоја Тоска“ во Тетово биле слушнати две детонации.
 
Од страна на полициски службеници од ПС- Тетово излезено е на посоченото место при што на ул. „Благоја Тоска“ пронајдени се предмети т.е. остатоци од пиротехнички средства (огномет), дрвен стап, тврди делови од пластика и неколку парчиња од хартија, при што е констатирано дека од страна на непознато лице предходно се активирани пиротехнички средства. 
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.